ВМРО-ДПМНЕ: Творец на криминалната приватизација е Црвенковски

Од:

Секојдневно гледаме како СДСМ очајнички се обидува да создаде било какво алиби и да ја отргне одговорноста на Бранко Црвенковски од мрачната и криминална приватизацијаа, но никој не им верува.

Тие денес отидоа предалеку, дури злоупотребувајќи деца во политичка конотација, млади луѓе кои ниту имаат информации за фактите, ниту биле сведоци на настаните и за големата одговорност за човечките судбини на човекот кој ги тера да го бранат и да ја перат нечистата совест на творецот на криминалната приватизација Бранко Црвенковски, реакција на изјавата на Стефан Богоев од СДСМ за тоа што ВМРО-ДПМНЕ не ги изгласа уставните измени за незастарување на кривичните дела од приватизацијата.

Ги постетуваме овие младинци дека Бранко Црвенковски на 15 февруари 2010. година јавно призна дека тој е одговорен за приватизацијата.

„Ниту национализацијата била праведна, ниту приватизацијата може да биде праведна, но некој мораше да ја одработи”, истакна Бранко Црвенковски за времето во кое беше премиер.

Младите луѓе од СДСМ заборавиле дека во 2004. година 12 тајкуни директори кој Бранко Црвенковски ги создаде му поклонија шаховска табла во знак на благодарноста за тоа што го направил. Во 1997. година заборавиле дека Бранко Црвенковски изјави дека ќе го улови октоподот, но тоа не го направи никогаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?