ВМРО-ДПМНЕ: Субвенциите се за земјоделците и сите што ги исполнуваат условите ги добиваат

Од:

Исплатата на финансиската поддршка се извршува согласно утврдени критериуми и по проверка на истите, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конфернецијата на Панче Орцев од СДСМ.

Во писмената реакција стои дека согласно законот, исплатата на субвенциите се извршува во тековната година кога е поднесено барањето и продолжува следната година што значи дека субвенциите се исплаќаат од две буџетски години.

Според ВМРО-ДПМНЕ финансиската поддршка опфаќа инвестициски проекти кои се реализираат со соодветна временска динамик и оти завршната сметка се однесува за една календарска година.

– Субвенциите се за земјоделците и сите што ги исполниле условите ги добиваат. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ воопшто и не доделуваше субвенции на земјоделците, наведуваат од партијата во писмената реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март