ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска ќе потроши 5.000 евра на апетисани, а Владата скрати 1.5 милијарди денари за образование

Од:

„Владата на СДС расипнички се однесува со парите на граѓаните. Владата на СДС ги троши народните пари на луксуз.

Пари за покачување на пензии нема, но има за лешници.

Пари за покачување на просечната плата нема, но има за морски плодови.

Пари за зголемени пензии од 5% нема, но има за саксиски цвеќиња.

Да почитувани граѓани, пари за луксуз има, но не и за вашите потреби. Шекеринска без грам совест и срам ќе потроши 5000 евра од парите на граѓаните за набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци, за потребите на нејзината трпеза во министерството за одбрана.

Шекеринска ќе потроши 5000 евра на апетисани, а Владата со буџетскиот ребаланс скрати неверојатни 1.5 милијарди денари од буџетот за образование.

Да почитувани граѓани, Владата скрати 1.5 милијарди од образовни мерки и проекти, за да ослободи пари за луксузирање и набавка на скапи јадења, кои ќе се најдат на трпезите во Владата и министерствата.

Лицемерието на СДС е безкрајно, пред само 1 месец Владата изврши набавка во висина од 400.000 денари за октоподи и други морски плодови, пред недела дена Димитров објави оглас во висина од 5000 евра за набавка на цвеќиња за министерството за надворешни работи, денеска гледаме како Шекеринска врши набавка на апетисани.

Набавка по набавка Владата троши големи суми народни пари за лична комоција и луксуз, а го крати секој можен денар од развојните проекти почнати од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните гледаат дека СДС се крајно лицемерни и никогаш не работеле за нивно добро. Младите беа лажени од страна на Заев, Шекеринска, Десковска и Богоев дека тие ќе бидат на прво место и дека ќе инвестираат во подобрување на образовната инфраструктура. Сега можат да видат дека додека се кратат пари за изградба на студентски домови се набавуваат скапи јадења за трпезите на Заев и неговата екипа.

СДС се што им вети на младите, излажа. СДС во првите три месеци од власта крати од развојните стапки во буџетот, а одвојува пари за скапи јадења и луксузирања.

Граѓаните ќе го казнат СДС за ваквото расипничкото трошење на нивните пари на претстојните локални избори на 15 октомври“, изјави Ѓорѓи Крстевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот