ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се обидува да го исплаши народот со манипулации

Од:

ВМРО ДПМНЕ со реакција кон СДСМ дека се обидуваат да манипулираат креирајќи хаос и сеење магла.

„Поразениот СДСМ со години наназад го плаши народот за црни сценарија, задолженост и слични лаги. Тие по секоја цена се обидуваат да скандализираат вообичаена аукција на хартии од вредност. Тоа го прават во обид да ја манипулираат јавноста, бидејќи само со креирање на хаос и сеење магла се научени да функционираат.

Да биде иронијата поголема, оваа вообичаена пракса за секоја земја односно издавањето на државни хартии од вредност е метод воведен од страна на власта на СДСМ во 2004 година. Разликата е во тоа што денес каматата е 2%, а во време на СДСМ таа беше 5,5 пати поголема.

Оттука се поставува прашањето за што ги трошеше парите тогаш СДСМ и кој бенефит граѓаните го видоа од толку скапото издавање на државни хартии од вредност? Одговорот е никаков. СДСМ тогаш само ја задолжуваше државата, не градеше нови патишта, нови училишта, болници, детски градинки, не се доделуваа субвенции за земјолделците, не растеа пензиите, социјалната помош и платите.“ стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он