ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ десет години го критикува РЕК Битола и се потсмева со вработените

Од:

СДСМ уште еднаш во обид да извлече ситни дневно политички поени критикува неосновано и се служи со лаги и манипулации за да дојде до некој ситен политички поен.

Прво, обвинува за нетранспарентност при процесот на набавка на електрична енергија, па самиот се демантира лиферувајќи веќе јавно објавени документи од АД ЕЛЕМ.

СДСМ десет години го критикува РЕК Битола и се потсмева со вработените во комбинатот кои деноноќно работат за да овозможат континуирано производство.

Станува збор за прв застој на ТЕ Битола 3 после речиси половина година со оглед дека овој капацитет во континуитет испорачуваше електрична енергија од август минатата година.

СДСМ треба да знае дека поради временските околности состојбата со снабдувањето и со производството на електрична енергија е значително отежнато во речиси сите земји во регионот и пошироко. Тие фактори директно ја диктираат цената на електричната енергија на берзите во Европа, а не ЕЛЕМ. Но, тоа се политизира само кај нас во Македонија за да се создаде тензија кај народот и со тоа СДСМ да заработи ситни политички поени.

После завчерашниот блам дека се крие набавката на електрична енергија, иако за целата постапка јавноста беше информирана преку прес конференција, како и редовно преку веб страна на АД ЕЛЕМ, СДСМ се обидува да оди чекор подалеку и секој евентуален прекин на електрична енергија на нисконапонска мрежа да го адресира кај РЕК Битола, како дежурен виновник.

Не е првпат Македонија да ги дополнува потребите поради зголемена потрошувачка особено во зимските месеци, но СДСМ тоа сега се обидува да го скандализира, како што впрочем се обидува да скандализира и се друго.

ЕЛЕМ во изминатите неколку дена успеа да набави електрична енергија по цени пониски од оние според кои во моментов се продава електричната енергија на берзите во Европа. СДСМ после изборите, очајно се обидува да бара проблеми таму кај што ги нема за да го сокрие 10-от јубилеен пораз од народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица