„СДСМ се фали за некакви успешни економски мерки кои никој ниту ги видел ниту ги слушнал.
Државниот завод за статистика ги потврди катастрофалните економски политики со што ги спроведува картелот на власт предводен од Зоран Заев.
Растот на БДП од 0.1 % е најнизок во регионот и Европа и е уште една потврда за правецот кон кој се движи државата.
Од најавените ветувања нема ништо. Тоа е стилот на владеење на СДСМ. Македонија станува економска црна дупка. Нема странски инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии имаме невиден пад во речиси сите сектори. Градежништвото за кое толку се фалат доживува колапс од 37 %.
Состојбата во економијата е безнадежна, а граѓаните живеат во беда и сиромаштија, личните бизниси на криминалниот картел цветаат.
Заев, Анѓушев и Тевдовски се природна катастрофа за Република Македонија.
Овој криминален картел мора да замине час поскоро.
Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.