ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Петрески изведоа најгнасно сценарио со кое сакаа да го уништат Охрид

Од:

„Денес во Охрид, СДСМ и Петрески изведоа најгнасно и нечесно сценарио со кое сакаа да го уништат Охрид и да го полеат семето на омразата помеѓу охриѓани.

– Денес пред седницата на Советот на Општина Охрид со телефонско јавување и партиски наредби СДСМ и ПЕТРЕСКИ  во салата каде се одржуваше седницата на Советот донесоа голем број на сограѓани,охриѓани кои требаа да му го штитат грбот на најкриминалниот градоначалник и најкриминалното советничко мнозинство што некогаш го имал Охрид.

– Со наредба за носење на луѓе СДСМ и Петрески сакаа да направат притисок и сценарио кое беше само во нивните глави и нивните идеи. Каде тргнавте Петрески ? Против кого ги донесовте нашите сограѓани? Како ќе им погледнете во очи на луѓето што ги повикувавте да прават притисок во Советот, посебно како ќе го објасните тоа на интелектуалното ткиво на СДСМ?

– Со каква цел го направивте тоа? Крајната цел на Петрески СДСМ им е насилство и создавање хаос дури и човечки жртви но ние нема да дозволиме оваа мала група лојалисти на македонскиот Гадафи Црвенкоски кој со однесувањето и повиците е единствениот виновник за ова што се случува во Македонија.

– Најмалку од се ќе дозволиме сценаријата на СДСМ да се спроведат во Охрид. Во тоа име а со цел да се заштити Охрид од наметнатото сценарио на Петрески и СДСМ на седницата на  Советот во Охрид,советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ја напушти седницата не дозволувајќи да се остварат сценаријата за немири и евентуални инциденти.

– Со тоа го заштитивме достоинството и сограѓанството во Охрид. Петрески си заминува наскоро, СДСМ исто така, но не смее  во светиот Охрид да остават закрвавени страни што е нивна цел. Ние нема да го дозволиме тоа. Охрид е град на мирни граѓани и достоинствени луѓе, туристички центар и симбол на гостопримството“, велат ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година