ВМРО-ДПМНЕ: Од Буџетот за еден месец се платени 20 милиони евра за купување струја заради неспособноста на Заев

Од:

Заев купува струја за 5.5 милиони евра, тајно без никој да знае. 26.000 мегавати струја е купена за 5.5 милиони евра од ЕЛЕМ, затоа што владата на Заев ги испразни електраните и го остави РЕК без јаглен велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заедно со првите 15 милиони евра кои ги плати МЕПСО за еден месец за крадење од европската мрежа, тоа се 20 милиони евра кои државата ги дава заради апашлукот на Заев, за да не остане без струја. Заев на почетокот на зимата го остави РЕК без јаглен. Само 40.000 тони јаглен, што е доволно за само три дена се наоѓа на депонијата на РЕК. На државата буквално и се заканува да снема струја или да ја плаќа екстремно скапо и тоа само заради Заев и неговата неспсобност и трчање по тендери 5 години по ред. Заев ја турна Македонија во криза, и секој ден поминат со Заев е нов трошок за Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за обезбедување од „Пулс” на иста адреса со функционер на ДПМНЕ, обвинува Левица

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ