ВМРО-ДПМНЕ обвинува за банкрот на Куманово паркинг

Од:

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски преку општинските претпријатија ги задолжува кумановчани со милионски суми на пари, обвини на прес конференција Мирослав Стојановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Според него, едно од најзадолжените претпријатија е Куманово-паркинг.

„Се работи за претпријатие кое беше основано токму на предлог на Градоначалникот Зоран Дамјановски.

За оваа намена општината оддели од буџетот 11 милиони денари со образложение да се зголеми ликвидноста на истото.

Денес Куманово паркинг е пред банкрот. Тоа е уште еден загубар кој го цица општинскиот буџет, парите на кумановчани“, рече Стојановски.

Според него, Куманово паркинг покажува загуби и долгови кои изнесуваат неколку милиони денари, работниците не земаат редовни плати, а истото е должно на скоро сите партнери со кои работи.

„Директор на ова претпријатие е Трајче Трајчевски кадар на СДСМ, пријател на градоначалникот Дамјановски. Овој човек нема ниту визија ниту идеја како да го оправи ова претпријатие.

За да лицемерието биде поголемо, и покрај тоа што се бележат милионски загуби, во ова претпријатие се запослуваат исклучиво активисти и роднини на заслужни кадри на СДСМ“, рече претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение