ВМРО-ДПМНЕ: Николовски не го реши откупот-најголемиот проблем на земјоделците

Од:

„Изминатиов период се покажа и докажа дека ветувањата на Николовски не му се јака страна.

Тој може да ветува колку сака повисоки субвенции но никако не успева да го реши најголемиот проблем со кој се соочуваат земјоделците а тоа е откупот.

Николовски мора да разбере дека бадијала му е секоја субвенција што ќе ја даде ако родот на земјоделците скапува на нивите и нема кој да го откупи.

До сега речиси и да не постои гранка на земјоделието која не се соочува со невидени проблеми. Нема пласман на сливата, на житото, на лубениците на праската а сега нема пласман на јаболкото.

Стандардот на земјоделците е уништен, доведени се до работ на егзистенција, а земјоделството стана гранка во изумирање.

Николовски наместо да оди и да им продава популизам на земјоделците да се фати со работа и да почне да им ги решава проблемите. Ако не може тоа да го направи нека го отстапи местото на некој што е поспособен и што ќе знае како да ги реши сите овие проблеми“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда