ВМРО-ДПМНЕ: Нашата визија е во наредните 10 години да ја намалиме невработеноста под 10 отсто

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение, реакција на соопштението на СДСМ.

„Стравот на СДС од пораз е се поочигледен.

СДС е во паника, бидејќи граѓаните за овие 120-тина дена ги прочитаа сите нивни лаги и манипулации.

Очигледен е стравот на СДС од народот и енергијата која е насочена против беззаконието кое тие го манифестираат.

Свесни за лошиот рејтинг помеѓу граѓаните на Република Македонија и неминовниот пораз кој ги очекува на 15-ти октомври го користи МВР за заплашување на политичките противници.

Користењето на полицијата за вршење на политички притисок е груб пример за злоупотреба на власта. И претставува класичен пример како функционира државата под водство на СДС.

Еве ја нашата визија која ќе ја реализираме.

Нашата визија и цел за наредните 10 години е да ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 10%, односно да отвориме нови 150 илјади работни места во период од една декада.

Во наредната декада Македонија мора да остане земја со најниски даноци во светот, со најниска ефективна даночна стапка во светот.

Сиромаштија помала за 3/4!

Треба да создадеме услови граѓаните да може да патуваат од својот град кон другите градови за не повеќе од 80 минути! Тоа значи нов циклус на изградба на најмалку 3 нови автопати, покрај завршувањето на 3 автопати кои во моментот се градат но со значително намалено темпо.

Ќе се стремиме најмалку 6% од БДП на Македонија да бидат наменети за образованието секоја година!!!

Нашата цел е Македонија да напредува и да влезе во земјите кои се наоѓаат во првата половина на листата на ПИСА.

Нашата цел и визија во енергетиката е Македонија да стане електро-енергетски независна и нето извозник на електрична енергија и ние имаме кредибилитет и знаење тоа да го исполниме.

Греењето на дрва, нафта и слични штетни за здравјето енергенси, кои во моментот се најголемиот загадувач на воздухот во Македонија со околу 70 отсто од севкупното загадување, мора во најголем дел да се заменат со централно или индивидуално греење на природен гас, пелети или други форми на еколошко чисто загревање на домовите и индустриските капацитети.

Поголеми плати и субвенции.

Сето ова единствено може да го реализира ВМРО-ДПМНЕ.

За се што стори СДС во изминатиот период ќе одговара. На 15-ти октомври народот ќе го казни СДС бидејќи го гледаат нивниот недоговорен и расипнички однос кој го водат кон државата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија