ВМРО-ДПМНЕ: Најрасипничкиот буџет во историјата на РМ предвидува повеќе пари за луксуз наместо за квалитетен воздух

Од:

„Најрасипничкиот и мегаломански буџет во историјата на Република Македонија предвидува повеќе пари за луксузни автомобили и мебел наместо за подобрување на квалитетот на воздухот.

Високото ниво на загаденост на воздухот во последните неколку недели неколкукратно ги надминува границите на дозволеното. Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, а Зоран Заев и Петре Шилегов не преземаат ништо.

Власта која ветуваше решавање на проблемот со загадувањето на воздухот повеќе од 2 години нема преземено ниту една мерка во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Напротив, Шилегов наместо да работи за граѓаните организира стенд ап настапи за исмевање на сопствената неработа.

Загадениот воздух веќе ги полни болниците, а најпогодени се малите деца, бремените жени, возрасните над 65 години и хронично болните. Високото ниво на канцерогените ПМ 10 предизвикува големи проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи.

Зоран Заев и Петре Шилегов ги излажаа граѓаните. Ветуваа чист воздух веднаш, а поминаа две години и ништо не е преземено. Наместо повеќе пари за животната средина, власта со буџетот за 2019 година ќе потроши 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел.

СДСМ потроши половина од нивниот мандат без да преземат било што во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Токму затоа СДСМ мора да си замине час поскоро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски