ВМРО-ДПМНЕ: Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај

Од:

„Република Македонија пропаѓа во црнило со СДСМ на власт. Економијата тоне, скоро две години нема скоро никаков раст, а граѓаните се се посиромашни. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај.

Буџетот за 2019 е мегаломански и не гарантира раст. Црната власт скрои буџет кој е 700 милиони поголем од последниот буџет на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Од овој буџет нема за граѓаните има за елитите.

СДСМ многу вети, а ништо не исполни. Нема 500 евра просечна плата. Нема 100.000 денари плата за лекарите. Нема 600 километри автопати и 550 километри магистрални патишта. СДСМ ја зави државата во целосно црнило.

Власта го зацрни образованието, земјоделието, здравството и буквално секој сектор во државата.

Безбедноста со СДСМ на власт е нарушена. Откако Оливер Спасовски ја води МВР, а Зоран Заев е премиер има 9 нерасчистени убиства, многу грабежи, запалени автомобили и нерасчистени случаи на голем криминал.

Граѓаните се соочуваат со политички прогон.

Ништо од тоа што го вети Зоран Заев не го реализира. Граѓаните живеат црн живот и ова е најцрниот период за Република Македонија. СДСМ мора да си замине. Заради овие и сите други пропусти и негативни политики на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест на 28 ноември во 17 часот, збирно место Плоштад ВМРО и се упатуваме пред Владата. Да ја поразиме оваа криминална власт на СДСМ и да ги ослободиме граѓаните од оваа криминална влада.

СДСМ мора да падне, а ние сите заедно мора да истраеме во борбата против ова црнило.

Македонија мора да тргне напред!“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Костадин Костадинов.

Би можело да ве интересира

Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Ескобар: Од ВМРО-ДПМНЕ добивме уверување дека земјата ќе остане на европскиот пат

Катерина Ѓуровски

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори