ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им пречи тоа што македонските пензионери примаат највисока пензија во регионот

Од:

„СДСМ ја издигна деструкцијата на ниво на партиско обележје. Заканите кон актуелната власт им преминаа во секојдневен начин на комуникација.

На СДСМ им пречи тоа што пензионерите добиваат повисоки пензии. На СДСМ им пречи тоа што македонските пензионери примаат највисока пензија во регионот.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до денес најниската пензија е покачена за 94%, а просечната за 79%. Оваа година во октомври пензионерите ќе добијат уште едно покачување од 650 денари.

За разлика од ова, СДСМ го преферира времето кога на пензионерите им ги намалија пензиите за 8%, кога ги делеа пензионерите во 3 категории и им доцнеа со исплаќањето на пензиите, кога воведуваа нови модели на усогласување што дадотно им ги кратеа пензиите на пензионерите.

Затоа СДСМ се толку разочарани. Свесни се и знаат дека се приближуваат изборите и дека пензионерите ќе избираат помеѓу покачувањата кои им ги воведе ВМРО-ДПМНЕ и намалувањата и доцнењето на пензиите кое им го изврши СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он