ВМРО-ДПМНЕ: Хаваријата во РЕК Битола директно ќе ги чини граѓаните неверојатни 200 илјади евра

Од:

„Нестручноста, дилетантизмот, непотизмот и желбата за лично богатење на власта повторно ги чини граѓаните стотици илјади евра.

Повторно се случи хаварија во РЕК Битола, поточно во БЛОК-1 овој пат, заради дефект на цревниот систем. Повторно блокот е надвор од производна мрежа, и тоа за цели 10 дена.

Тоа значи ќе има зголемени трошоци, односно цената на произведен МWh што ќе доаѓа од РЕК Битола, ќе биде значително поголем
Залудни се напорите на раководството да се кријат зад паушални објави како во минатото. Хаваријата во РЕК Битола директно ќе ги чини граѓаните неверојатни 200 илјади евра.

Во РЕК Битола се води сериозна хајка против компетентни лица и голем дел од нив се прогласени за неподобни од раководството и се преместени на други работни места, а на нивно место се донесени париски послушници на СДСМ кои што не умеат да ракуваат со таков вид на опрема.

Време е ова расипништво со парите на граѓаните да престане. Време е за предвремени избори на кои што СДСМ ќе биде казнет за неспособноста, грабежот и криминалите сторени изминативе две години“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?