ВМРО-ДПМНЕ: Додека земјите од регионот и Европа бележат вртоглав раст, ние стагнираме

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Драган Тевдовски.

„Резултати во економијата има, тие се нула. Една голема нула повеќе од една година за целата економија. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја уништува економијата.

СДСМ повеќе од една година е на власт, а економијата не само што не оди напред, туку стагнира. Минатата година ја завршивме со 0% раст на БДП, првиот квартал од 2018 година со 0.1%. Ова е дно. Додека земјите од регионот и Европа бележат вртоглав раст, ние стагнираме.

Економските индикатори не се единствен параметар кој укажува на бедата кон која ја води картелот државата. Граѓаните живеат се полошо и полошо. Цените во малопродажба се се повисоки, а платите се помали.

Градежништвото, кое е мотор на економијата и влече околу 20 други гранки со себе, е во пад. 37% изнесува падот во градежништвото. Ова не е дно, ова е пробиено дно.

СДСМ покажа дека не знае да ја води Република Македонија. СДСМ за една година покажа целосна неспособност. Една година граѓаните тонат во беда, а животот кој толку надежно го најавуваа дојде само за фирмите на Заеви и Анѓушев, кои влегуваат во милионски бизниси и зделки.

Граѓаните се изневерени и излажани. Предизборните ветувања се испоставија како една огромна лага. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја уништува македонската економија. Државата не смее да продолжи по патот на економската катастрофа. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината