ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2015. има целосно развојна компонента

Од:

Буџетот за 2015 година има целосно развојна компонента, во која значаен дел отпаѓа на  капиталните инвестиции и инвестирање во јавната инфраструктура што треба да бидат поддршка на економскиот и стопански развој, се наведува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

– СДСМ во своето соопштение покажува дека или не го виделе предлог буџетот или свесно лажат и манипулираат со јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека за капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари, а дополнително на овој износ е предвиден износ во програмите преку кои се реализираат автопатите од Миладиновци-Штип и Охрид-Кичево, како и програмите на претпријатијата во државна сопственост од енергетската област кои годишно просечно изнесуваат 100 милиони евра. За железничката инфраструктура се предвидени 1.311 милијарда денари, од кои најголем дел за привршување на реконструкцијата на Коридорот 10.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека 2.015 милијарди денари се предвидени за комуналната инфраструктура, изградба на националниот гасоводен систем, изградба на водоводи и канализациски системи, а повеќе средства се предвидени за изградба на ТИРЗ.

– Во здравството има предвидени 1.5 милијарда денари наменети за изградба на јавни здравствени установи, а за здравствена заштита се предвидени 23.513 милијарди денари, што е зголемување од 1.300 милијарда денари. Во буџетот за 2015 година 2.204 милијарди денари наменети за изградба и реконстуркција на основни и средни училишта, изградба на градинки, училишни и спортски сали, домови, универзитети, лабораториска опрема и спортска инфраструктура. Во земјоделството предвидени се 2.013 милијарди денари за хидросистеми и подобрување на конкурентноста на македонското земјоделство, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ќе дојде и до зголемување на платите што ќе се реализира со октомвриската плата за сите буџетски корисници од 4 проценти, како и зголемување на пензите и социјалната помош по 5 проценти.

– Клучот на неуспехот на СДСМ како политичка опција е нивното слабо познавање на економијата. Затоа наместо да дискутираат во Собранието за Буџетот, пуштаат штури соопштенија полни невистини, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има 100 проценти подобра реализација на капиталните инвестиции од СДСМ, дека не е точно дека субвенциите се намалени за 2 милиони евра, туку се покачени за 5 милиони. – Досега на земјоделците им се исплатени 600 милиони евра субвенции и така ќе продолжиме и во иднина. СДСМ пак, никогаш не ги третираше земјоделците, им беше под чест да преговара за нивните потреби и проблеми, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија, како што додаваат, има втор најдобар економски раст во Европа што се должи токму на инвестициите во инфраструктурата.

– Ако СДСМ е против буџетот за 2015 година, значи е против покачување на платите, на пензиите, на социјалната помош, против инвестициите во инфраструктурата, на отварањето на работни места. Доколку не е така, нека дојдат во Собрание и нека го докажат спротивното пред граѓаните на јавна расправа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство