ВМРО-ДПМНЕ: Блок 1 на РЕК Битола повторно е надвор од мрежа

Од:

Блок 1 на РЕК Битола е повторно надвор од мрежа од 23.01.2022 и тоа со скинати цевки на котел. Исто така само за да може да се прави ПР со лаги и фалби, истиот подолго време се експлоатирал и со дефект во кондезаторскиот дел, за да може владините претставници да се сликаат една недела велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Колкави штети се направени со ваквото недозволено работење на турбината и на котелот ќе гледаме во следнот период.
Исто така предупредуваме дека подолго време и БЛОК 2 се експлоатира со недозволени параметри и без посериозни ремонти. Зошто ова се прави и кои ќе бидат последиците ќе покаже времето. Од извори во ТЕЦ Осломеј потврдено е дека синоќа повторно избило пожар кој вешто се премолчува од страна на власта. Наместо реална слика во енергетиката, власта излегува со евтин ПР дека продаваат вишоци, дека сẻ е под контрола и слично. Ова што го објавуваме е само дел од катастрофата која ја предизвика владата на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор. Неремонтирани постројки, криминални тендери во четири очи, испумпани милиони евра и понижени работници. Власта не произведува електрична енергија , хидропотенцијалот е на минимум, ПР-от е на максимум, но тендерите во четири очи со „херојски” авансни провизии кои достигнуваат и до милиони евра, течат без проблем во РЕК Битола се наведува во објавата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за обезбедување од „Пулс” на иста адреса со функционер на ДПМНЕ, обвинува Левица

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ