„СДСМ мора да престане со безидејната и деструктивна економска политика која државата и граѓаните ги води кон банкрот.
Анѓушев призна дека ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 години креираше успешна бизнис клима, која придонесе за отворање на голем број работни места во ИТ индустријата и другите технолошки гранки.
Анѓушев призна дека Република Македонија од земјоделска земја, која претходно извезувала само вино и земјоделски производи, го зголемила вкупниот извоз и процентот во истиот на технолошки развиени производи, телекомуникациски, информациски и комуникациски услуги.
Успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ кои придонесоа за отворање на над 150.000 нови работни места, донесоа голем број на странски компании и создадоа услови за отворање на многу нови домашни компании се причината поради која Анѓушев денеска може да се фали во државата и низ светот.
СДСМ и Анѓушев наместо да продолжат по патот на креирање на нови работни места и привлекување на нови инвеститори во изминатиов период се обидоа проектите на ВМРО-ДПМНЕ да ги претстават како свои.
Граѓаните видоа дека СДСМ не може да продолжи по успешниот пат кој ВМРО-ДПМНЕ го трасираше.
9 месеци немаме нови странски инвестиции, туку тие на ВМРО-ДПМНЕ се претставуваат како да се донесени од СДСМ, задолжувањето галопирачки расте и за само 9 месеци државата е задолжена близу 1.4 милијарди евра, а притоа не е реализирана ниту една капитална инвестиција, нема покачени плати, пензии и социјална помош.
Ветуваа живот, донесоа беда“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на изјавата на Кочо Анѓушев.