ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев почнал да ја гради хидроцентралата Тополка 316 пред одобрението да стане правосилно

Од:

„Фирмата на тендерашот Коцо Анѓушев доби задача да го брани криминалот на својот газда, но повторно продолжија со лаги и манипулации. Тие се дозаплеткаа во уште поголеми манипулации. Имено тие правдајќи се посочија хидроцентрала која не е спорна и е под бројот 317, но она што е вистински спорно е хидроцентралата Тополка 316 која Анѓушев почнал да ја гради пред одобрението да стане правосилно. Тоа значи дека пред очите на целокупната јавност се случува криминал, а институциите молчат со цел да ги одбранат матните бизниси на Анѓушев.

Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење.

Граѓаните гледаат дека додека економијата доживува вистински крах, стопанството пред банкрот, додека се намалува просечната плата, се бркаат странските инвеститори, семејните бизниси на Кочо Анѓушев и Зоран Заев цветaат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола.

Граѓаните ќе застанат на патот на овие бизнис картели вгнездени во власта. На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓаните ќе му стават крај на ваквото деструктивно владеење“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија