ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев ја користи функцијата да го зголеми своето богатство на над 30 милиони евра

Од:

„Кочо Анѓушев ја користи функцијата, вицепремиер во владата на Заев, за со парите на граѓаните, од Буџетот на Република Македонија, да го зголеми своето богатство на над 30 милиони евра.

Да почитувани граѓани, Кочо Анѓушев од вашите пари, нашите пари, преку државното претпријатие ЕЛЕМ, во државна сопственост, си додели тендер во висина од 2.6 милиони евра на сопствената фирма „Фероинвест“, со што ќе го зголеми своето богатство на над 30 милиони евра.

Ова е скандал од невидени размери и типичен пример за злоупотреба на државниот Буџет, се со цел лично богатење на врхушката на власт.

Додека обичниот граѓанин макотрпно работи за просечна македонска плата, мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработува 2.6 милиони евра.

Додека просечна македонска фирма работи 10, 20, па и 30 години да направи обрт од еден милион евра, мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработува 2.6 милиони евра, и тоа само благодарение затоа што е вицепремиер во владата на Заев, па може да влијае врз работата на државните институции.

Кочо Анѓушев со ниту една изјава не може да го прикрие своето нечесно и неморално работење. Кочо Анѓушев посегна врз парите на граѓаните се со цел да си го зголеми своето лично богатство на над 30 милиони евра.

Ние неколку пати предупредивме дека ова е само една бонбона бизнис за владата на СДС, Заев и Кочо Анѓушев.

Правдањата на Анѓушев дека се е во ред со тендерот кој неговата фирма го добила, само заради тоа што тој не ја управувал истата, туку бил сопственик, се смешни и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните.

Граѓаните гледаат дека милионерите Анѓушев и Заев го цедат државниот Буџет, Буџетот на граѓаните, полнејќи ги своите приватни сметки. Граѓаните гледаат како криминалците од врвот на власта се богатат и стануваат мултимилионери злоупотребувајќи ги нивните пари. Пари кои наместо да бидат инвестирани во нови автопатишта, болници, школи, студентски домови и железници завршуваат во џебовите на неколку луѓе од власта.

Заев и неговите министри на државната каса едноставно гледаат како на средство, за полнење на своите приватни сметки и сметките на своите приватни фирми. Токму затоа и владата на СДС најавува либерализација на пазарот на електрична енергија, со што ќе се отвори простор за фирмите на Кочо Анѓушев да книжат и заработуваат милионски профити на дневно ниво, и сето тоа да биде на грбот на граѓаните. Граѓаните кои ќе плаќаат повисоки и поскапи сметки за струја.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува надлежното Јавно обвинителство да утврди кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот припаднал во рацете на фирмата „Фероинвест“ која е на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Потребно е итно поништување на тендерот како и оставка на мултимилионерот Кочо Анѓушев. Анѓушев на позицијата вицепремиер на владата добива информации за економската состојба во државата и фирмите, и истиот овие информации може да ги злоупотреби за создавање огромни добивки за своите фирми, со што создава нелојална конкуренција и ги става другите фирми во подредена положба.

Граѓаните бараат оставка. Граѓаните бараат одговорност. Граѓаните ќе стават крај на ваквото криминално работење на 15-ти октомври кога ќе кажат што мислат за нечесното работење на владата на Зоран Заев и владата на Социјал-демократскиот сојуз“, изјави Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он