Власта притиска врз Заводот за статистика?

Од:

„Десетина денови, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вршат притисоци врз раководството на Заводот за статистика да не објавуваат лоши показатели овие два месеци ,а сите показатели да се објавуваат со доцнење од еден месец“, објави порталот Охридскај.

Сите функционери на Статистика, велат, биле предупредени и дека ќе бидат сменети поради давање на податоци кои сериозно го уриваат рејтингот на ВМРО ДПМНЕ и Груевски. Посебно се прават притисоци од 20 август до 1 октомври нити еден податок за лошите економски текови и состојби да не излезе заводот.

Нервоза според извори на Охридскај има и во во Министерството за Финансии. После објавувањето на неколку податоци за кои Министерот Ставревски реагирал жестоко по објавувањето, во Министерството за финансии се трага по кртот кој информациите им ги дал на новинарите.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана