Владата со потсетување: Пластичните ќеси од утре ќе чинат 15 денари

Од:

Владата преку соопштение ги потсетува граѓаните дека од 1 декември, пластичните ќеси за пазарување ќе чинат 15 денари.

Освен пластичните ќеси, се забранува и користење на пластични пакувања за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Македонија.

„Со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот во Република Северна Македонија биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки, чијашто дебелина е пониска од 15 микрони.

Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „загадувачот плаќа“.

Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто