Владата со мерки за решавање на станбеното прашање за околу 1.200 семејства

Од:

Две нови мерки за решавање на станбеното прашање со кои ќе бидат опфатени околу 1.200 семејства се донесени на вчерашната владина седница.

Првата мерка се однесува на семејствата кои немаат валиден документ за сопственост на станот во кој живеат. Тие, со измената на уредбата усвоена на последната владина седница, ќе имаат можност да го купат станот по намалени цени во просек од 15 до 30 проценти во однос на пазарната вредност. Доколку не се во состојба да го купат станот ќе им биде понуден закуп кој би бил повторно со цени помали од пазарните. Со оваа мерка, според проценките, ќе бидат опфатени околу 1.000 семејства.

Втората мерка ги опфаќа граѓаните кои останале без станови поради тоа што тие им се одземени со процесот на денационализација и им се доделени на други сопственици. За овие граѓани ќе бидат обезбедени станови соодветни по квадратура со оние во кои живееле. За реализација на оваа мерка ќе се искористат или постоечките капацитети со кои располага државата или поверојатно е дека ќе бидат изградени нови станови. Станува збор во моментот за околу 120 семејства.

– Овие мерки претставуваат излегување во пресрет на барањата на корисниците на становите. Владата ги прифаќа нивните барања и врши интервенција со намалување на цената на становите во однос на пазарната група во висина од 15 до 30 проценти и обезбедување нови станови за лицата кои своите станови ги пренеле на друг сопственик соодветно на процесот на денационализација, истакна денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски