Владата отворена да ги слушне предлозите на менаџерите во Македонија

Од:

Асоцијацијата на менаџери на Македонија, на својата прва трибина помеѓу нејзините членови и владиниот сектор, на тема „Новите даночни измени и новиот Буџет за 2018 година” која се одржа во текот на вчерашниот ден во просториите на Park Hotel & Spa – Скопје, реализираше исклучително продуктивна средба на менаџерите членки во АММ со Премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и со Министерот за финансии, Драган Тевдовски.

По сублимирањето на самата дебата, претставници од Асоцијацијата истакнаа дека членовите и останатите заинтересирани менаџери ќе може да ги испратат своите предлози, најдоцна до 10.12.2017 на официјалната маил адреса на АММ: [email protected]. По собирањето на конкретните предлози, Асоцијацијата ќе достави барање до Владата и до соодветното Министерство за разгледување и можно прифаќање на истите.

Трибината ја отвори Претстедателката на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, м-р Маја Ристова, која истакна дека “Да се биде менаџер во РМ е навистина тешка и одговорна задача. Основна причина за потешкотиите е во недоволната грижа за развојот на менаџерите и нивните менаџерски способности. Затоа приоритет на Асоцијацијата е да ги обедини сите менаџери на едно место, во кое слободно ќе ги разменуваат своите визии и искуства, и каде ќе ги презентираат своите деловни потреби и проблеми, за што АММ максимално ќе се погрижи за решавање на истите”.

На трибината учество земаа менаџери – членови на Асоцијацијата, но и засегната група на менаџери кои ги препознаа вредностите на Асоцијацијата и ја искористија трибината за членство во самата Асоцијација.

Во таа насока, м-р Ристова додаде: “Создаваме добро организирана деловна мрежа на менаџери, преку промовирање и развој на лидерски и менаџерски вештини, како и преку вложување во човечки ресурси, удирајќи темел за економска преродба на државата. Поради тоа, почитувани присутни повикувам гласно да дискутирате и да ги дадете вашите предлози за новите данoчни измени и новиот буџет.”

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски