Владата го донесе ребалансот на Буџетот и одлуката за максималниот износ на еврообрзницата од 800 милиони евра

Од:

Владата на седница одржана вчера го донесе ребалансот на Буџетот за 2020 година, соопшти владината прес-служба која најавува дека детали за ребалансот ќе бидат презентирани на прес-конференција во текот на денешниот ден.

Владата усвои и Одлука за максимален износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на Република Северна Македонија во износ од 800 милиони евра.

– Имајќи ги предвид сите предизвици што произлегоа по прогласената пандемија на КОВИД-19 на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, мерките за заштита и рестрикција на движење кои ги преземаат државите, а особено нејзиното влијание на пазарите на капитал, Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирањето со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалената економска активност, преземените мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство, наведуваат во соопштението.

Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Република Северна Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Северна Македонија.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од назначување агент за процесни услуги на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии во процесот на издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и го задолжи Министерството за надворешни работи преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, Велика Британија да ја преземе функцијата на агент за процесни услуги во име на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој