Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа – се намалуваат царините на 70-тина производи

Од:

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјата.

Измената, како што соопшти денеска Министерството за финансии, е дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година со која е предвидено постепена хармонизација на царинските стапки со стапките кои се применуваат во ЕУ, адаптирано на извозно-увозните потреби на стопанството и на државата.

-Оттука, во рамки на предвидената постепена хармонизација, во јули 2025 година ќе се изврши намалување за 50 отсто на разликата помеѓу царинските стапки што се применуваат за увоз на предметните стоки кај нас и царинските стапки за истите кои важат во ЕУ, со интенција за понатамошно доусогласување, велат од Министерството.

Посочуваат дека наведената законска измена е во насока на зголемување на конкурентноста на домашните компании кои извезуваат на странските пазари и зголемување на македонскиот извоз како и зголемен девизен прилив, а се очекува и зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата.

Со намалувањето на царинските стапки, посочуваат од Министерството за финансии, директно ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.

-Со предложените законски измени е опфатено намалување и на царинските стапки за литиум јонски батерии за складирање на електрична енергија во секторот енергетика. Целта е да се помогне во енергетскиот сектор, во насока на зголемување на своите капацитети, зголемување на извозната конкурентност, и се очекува зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата, се наведува во соопштението.

Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за царинската тарифа ќе биде доставен во Собранието на усвојување.

Би можело да ве интересира

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

(ВИДЕО) СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот