Владата бара консултанти за продажба на „Еурокомпозит“, „Колска“ и ски-центарот „Попова Шапка“

Од:

На Електронскиот систем за јавни набавки Владата објави оглас за консултантски услуги за продажба на 3 фирми во државна сопственост. Според тендерската документација што ја објави Генералниот секретаријат на Владата, станува збор за Фабриката за шински возила „Велес“, позната како „Колска“, прилепскиот загубар „11 Октомври – Еурокомпозит“ и ски-центарот „Попова Шапка“.

Проценетата вредност на договорот е 15 милиони денари без ДДВ, или приближно 244 илјади евра. Критериум за доделување на договорот е најповолната економска понуда, при што цената учествува со 60 бодови, а квалитетот со 40.

Состојбата во овие фирми со години е неизвесна. Вработените од „Колска“ на железничката станица во Велес неколкупати блокираа возови поради неисплатени плати. Приближно 260 вработени во фабриката „Еурокомпозит“ во март годинава имаа побарувања од 16 неисплатени заостанати плати и неисплатени придонеси од јуни 2012 година. Генералниот директор Александар Кузески поднесе неотповиклива оставка.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Биткоинот паѓа: Пазарот на криптовалути „во црвено“

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни