Влада: Продолжува трендот на раст на платите

Од:

„Последните објавени податоци на Државниот завод за статистика го потврдија трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата на Република Македонија.

Во април 2018 година просечната нето плата изнесува 23.942 денари што значи дека има зголемување од 5.6% во однос на истиот месец претходната година кога просечната исплатена нето плата по вработен била пониска за 1270 денари и изнесувала 22 672 денари.

Растот на исплатената просечна нето плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите, рударство и вадење на камен (32.2 %), преработувачка индустрија (13.0 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.4 %), како и на стимулативните мерки на Владата за поддршка на компаниите да обезбедат раст на платите за своите вработени.

Очекуваме трендот на раст на платите уште посилно и поизразено да продолжи со решавањето на македонско – грчкиот спор за името, со приближувањето кон членство на Република Македонија во НАТО и со интеграцијата на земјата во Европската Унија“, се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски