На вработените во „Еурокомпозит“ им е исплатен надомест од по 22.000 денари

Од:

Министерството за внатрешни работи изврши авансна исплата, а Министерството за финансии преку трезорската сметка ги префрли парите на „11 Октомври-Еурокомпозит“ а.д. Прилеп, со што е исплатен надомест од 22.000 денари за секој вработен.

Како што информира владината прес-служба, одлуката на Владата донесена на 57-та седница за надминување на состојбите и наследените проблеми во „Еурокомпозит“ се реализира.

На владината седница во вторникот МВР беше задолжено да ја продолжи реализацијата на договорот со „Еурокомпзит“, да изврши репрограмирање на обврските кон компанијата и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со Договорот за изработка на производи наменети за потребите на Министерството.

– Во насока на трајно решавање на проблемите во фабриката „11 Октомври-Еурокомпозит“ а.д. Прилеп, Владата ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и ќе се разгледаат мерки и можни решенија за системско решавање на наталожените состојби од изминативе години, наведува прес-службата на Владата во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите