Влада: Над 6,2 милиони евра за исплата на субвенции за органско производство, млеко и други мерки

Од:

Владата на денешната седница обезбеди 385 милиони денари или над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година.

Конкретно, со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година.

По објавувањето на владината одлука во Службен весник, односно до крајот на оваа недела ќе започне исплатата на овие субвенции.

Досега Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има исплатено близу 200 милиони евра, сума во која што спаѓаат субвенции по основ на заостанати долгови од 2013,2014, 2015, 2016 година, како и за мерките од актуелните Програми за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто