„Виз ер“ објави најголем конкурс за вработување во историјата на компанијата

Од:

„Виз ер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа денеска ја најави најголемата кампања за вработување во својата историја.

По 13 години консолидирање на водечката позиција на пазарот на Централна и Источна Европа, „Виз ер“ ќе отвори речиси 1.300 нови работни места во наредната година, благодарение на доаѓањето на 21. нов авион Аирбус А320 и А321 до крајот на 2018 година, како и на вклучувањето во сообраќај на 11 сосема нови авиони. Со тоа тимот на „Виз ер“ ќе брои повеќе од 4.500 вработени.

Вкупно 400 избори за пилоти и кабински екипаж ќе бидат организирани во 25 земји во Европа до крајот на 2018 година.

Експанзијата на авиокомпанијата и можноста за вработување нема да заврши со ова, бидејќи „Виз ер“ планира двојно да ја зголеми својата флота на повеќе од 160 авиони до крајот на 2024 година.

Би можело да ве интересира

Авионот на WizzAir не стигнал до Охрид зошто му се слошило на патник

Катерина Ѓуровски

Авион што летал за Охрид од Дортмунд нагло го променил правецот и принудно слетал во Венеција

Катерина Ѓуровски

„Визер“ ја продолжи до 13 јули суспензијата на сите летови од и до Македонија

Ана Ололовска

„Визер“ ги суспендира летовите од и до охридскиот аеродром

А1он

Wizz Air ги суспендираше рутите за Милано, Тревизо и Бергамо

Ана Ололовска

На Скопскиот маратон ќе се трча и за лицата со ретки болести

Ана Ололовска