Викендот без ДДВ преместен во септември, треба да го потврди новата влада

Од:

Викендот без ДДВ, најавен за август, ќе се одржи во септември. Фатмир Битиќи, економски советник на премиерот, вели дека за да се случи викенд во кој граѓаните ќе можат да купуваат по пониски цени, треба да се направат измени кои треба да ги одобри новата влада.

„Една од првите обврски на новата влада ќе биде викендот без ДДВ. Треба да се направат некои измени, да се утврди правилникот оти сè што ќе се купува тој ден треба да биде без ДДВ. Во моментов немаме влада и тие обврски не може да ги завршиме. Кога го најавивме викендот без ДДВ претпоставивме дека до август веќе ќе има нова влада, но работите малку се издолжија. Очекуваме новата влада да се формира во текот на август. Не можам да кажам со точност, но викендот без ДДВ би го организирале првата недела на септември. Тука секако ја земаме предвид и здравствената состојба која постојано ја следиме“, вели советникот Битиќи за „А1он“.

Викендот без ДДВ техниката Влада го најави на почетокот на мај како една од третиот сет мерки за помош на граѓаните по економската криза предизвикана од коронавирусот.  Најавите беа тој да се одржи кога ќе спласне епидемијата за да се избегнат евентуални негативни последици.  Мерката предвидува еден викенд граѓаните да можат да купат гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги, без ДДВ, по пониски цени.

„Кога го најавивме викендот без ДДВ претпоставивме дека до август веќе ќе има нова влада“ – Фатмир Битиќи, економски советник на премиерот

За да се спречат даночни злоупотреби од компаниите опфатени со оваа мерка, без ДДВ ќе можат да купуваат само корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Ова ограничување е воведено за да не се дозволи компаниите да го пријават во тој викенд прометот без ДДВ што би го направиле претходно.

„Само корисниците на апликацијата ’Мој ДДВ’ ќе можат да учествуваат и само продуктите што ќе се продадат исклучиво тој ден и за нив ќе има фискална сметка, влегуваат во овој пакет викенд без ДДВ“, објасни советникот Битиќи.

Очекувањата на техничката Влада беа со оваа мерка 20 милиони евра да се слеат во стопанството преку поттикнување на потрошувачката и растот на приходите кај домашните производствени и продажни капацитети.

Веднаш по преставување на мерката, во мај, Бранимир Јовановиќ, советник на поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, побара таа да биде повлечена оти ќе доведе до групирање на луѓе, дека од неа ќе имаат поголема корист богатите и дека ќе придонесе за даночна евазија, но мерката не беше повлечена.

Викендот без ДДВ беше најавен заедно со домашните платежни картички, кои се веќе поделени на корисниците.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи четири дена

За намалување на платите на функционерите требало консензус од сите засегнати вели Битиќи

Потпишан договорот за реконструкција и адаптација на новиот простор на Џез оркестарот

Битиќи: Заедно ја креиравме Националната развојна стратегија