Виена Иншуренс Груп ја презеде Кјуби Македонија АД

Од:

Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе ја презеде Кјуби Македонија АД Скопје и се стекна со 666.496 обични акции кои обезбедуваат учество од 92,89635 отсто од вкупниот број на акции со право на глас, издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје.

Решението со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акции издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, дадена од Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе, Република Австрија го донесе Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) на вчерашната седница.

Понудата за откуп, информираат од КХВ, ја прифатиле 384 иматели на вкупно 585.679 обични акции на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, како и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија кој продаде 45 обични акции и 80.817 приоритетни акции.

Со тоа е исполнет условот за успешност на понудата, односно да биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 73,51 отсто од обичните акции со право на глас. Австрискиот инвеститор ги откупи хартиите од вредност по цена од 2001,22 денари по акција.

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Орце Костов

АСО: Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети

Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот

Ана Ололовска

АСО: Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18 отсто

Ана Ололовска