ВИДЕО:„СТОП“ за поскапувањата

Од:

„Стоп“ за поскапувањата на бензинот, парното, струјата, бара Граѓанската иницијатива „Аман“.

Денеска во 18 часот организираат протест пред Регулаторната комисија, спроти Триумфалната порта.

„Аман“ бара да се врати евтината днeвна тарифа, да се врати цената на струјата од 2008 година, да се укине ставката „ангажирана моќност од 33 проценти“ во сметките за струја, да се врати цената на парното на нивото од 2008 година, итно да се повлече новиот Правилник на АД Топлификација, да се намалат цените на нафтените деривати во согласност со стандардот на живеење, да се запре со приватизација или докапитализација на целосниот енергетски сектор во сопственост на Република Македонија, да се инвестира во одржливи извори на енергија, геотермална енергија, енергија на ветер и соларна енергија.

Собирот и иницијативата се преку социјалните мрежи.

Ќе се протестира секој вторник на плоштадот „Пела“ за да се искаже да револт од поскапувањето на парното, горивата и струјата, или како што е напишано на FB, и против поскапувањето на воздухот кое ќе следи.

Денеска е најавено и поскапување на лебот и тестенините.

Oва е видео спотот со повик за протестот, изработено од иницијаторите.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико