Иницијативата „АМАН“ обвинува дека на нивен член биле упатени закани да не учествува на протестите против поскапувањето на струјата и парното греење.
Од „АМАН“ велат дека случајот го пријавиле во полиција од која очекуваатда го открие лицето што се заканувало.
Иницијативата на „АМАН“ веќе пристигна во владата и се надеваат дека за брзо време ќе биде препратена во ДИК со што би се овозможило да се отворат канцеларии за собирање 10 илјади потписи, за измени во законот за енергетика, кои се однесуваат на евтината дневна тарифа.