(ВИДЕО) Заев се сретна со директорката на Светска Банка, Георгиева: Успешните реформи отвораат врати за нова соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој од денеска престојува во Софија, Република Бугарија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан, денеска се имаше средба со Извршната директорка на Светска Банка Кристалина Георгиева.

Премиерот Заев и извршната директорка Георгиева изразија заедничко задоволство од досегашната соработка и аранжмани меѓу Република Македонија и Светска банка, особено во делот на поддршката на банката во финансирањето на инфраструктурните проекти како што е рехабилитацијата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патни правци.

Посебно внимание Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Извршната директорка на Светска Кристалина Георгиева посветија на идните планови за соработка.

Премиерот Заев изрази ја покани Светска Банка да земе учество во Инструментот Рамка за инвестиции на Западниот Балкан (Western Balkans Investments Framework,WBIF), со нагласка на проектите во транспортот и енергетиката.

Во таа насока премиерот Заев ги елаборираше проектите за енергетска независност и за борба против аерозагадувањето за што е предвидено Владата на РМ, со поддршка на банката, да формира Фондови за енергетска ефикасност и за борба против загадувањето.

Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев и Извршната директорка на Светска Банка се согласија дека во таа насока се добредојдени финансиските аранжмани кои ја препознаваат иднината за енергетска независност со поддршка за нови капацитети за обновливи енергија, особено во делот на фотоволтаичните електрични централи

Извршната директорка на Светска Банка Кристалина Георгиева истакна дека оптимизмот, реформите и развојот на Република Македонија во минатата година се препознаени и изрази подготвеност банката да ги земе предвид и другите проекти како што се иницијативите за трговија и транспорт од стратегијата за поврзување на Западниот Балкан што произлезе од Берлинскиот процес.

На средбата беше искажан взаемен интерес Светска Банка да ги поддржи проектите поврзани со локалниот економски развој на општините во Република Македонија за поголема финансиска самостојност на општините и за создавање на услови за економски раст на локалните самоуправи.

Извршната директорка на Светска Банка Кристалина Георгиева истакна дека банката е подготвена, заедно со институциите во земјата да изготви студија за темелна проценка на идентификација на потенцијалите на Република Македонија за економски и општествен раст, која може да биде основа за идната стратегија за раст и за креирање нови работни места.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата