(ВИДЕО) Заев: Искоренувањето на сиромаштијата е наш секојдневен мотив

Од:

Сиромаштијата е една од најтешките состојби за било кое општество. Вие граѓаните најдобро знаете дека не само зборот, туку и делата за искоренување на сиромаштијата се нашиот секојдневен мотив. И не само на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, туку секој ден. И не само заради социјалдемократските вредности, туку заради човечноста, порача денеска премиерот Зоран Заев во видео обраќање по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата.

Делата, додава тој, во изминативе години ги насочивме кон подигнување на животниот стадард и намалување на трошоците за граѓаните а со тоа и стапката на сиромаштијата.

-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот кој дотогаш го примаа текстилците, кожарите, чевларите за својот тежок труд. Социјалната реформа направи пресврт во начинот на кој државата се грижи за социјално-ранливите, и го подобри животот на околу 300.000 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Денес над 22 илјади дечиња ги користат детските мерки со што ги извлекуваме од синџирот на детската сиромаштија, рече премиерот.

Тој во обраќањето потсеува дека државата не ги заборавила и не ги оставила на цедило и стечајците, за кои е обезбеден месечен надоместок, исто како што е обезбедена државна пензија за оние кои не ги исполнуваа условите за редовна пензија. Тоа, вели премиерот Заев, се дела кои докажуваат дека се грижиме за сите.

-Низ укинување на радиодифузната такса, воведување на евтина дневна тарифа на струјата, намалување на сметките за парно, а некаде и намалување на цената на водата за пиење, влијаеме врз домашните заштеди кои се одразуваат во сиромаштијата. Драги граѓани. Посветен сум на трајно извлекување од сиромаштија на што е можно поголем број семејства. Заедно со целиот владин тим работиме на тоа. Тоа го забележувате и во борбата со кризата предизвикана од корона вирусот.Нашето внимание е целосно насочено кон зачувување на работните места, и кон поддршка за социјално ранливите како што се стечајците, пензионерите и невработените, потенцира премиерот.

Потсетува дека платежни картички со износ од 6.000 денари добиваат самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари и невработените. Тоа, вели, се над 85 000 семејства кои ќе си обезедат домашни потреби. -Во кризата се познава грижата, а ние не дозволуваме никој да остане незгрижен. Борбата со сиромаштијата е заедничка, и заедно ќе ја водиме, се додека не обезбедиме подобар живот за сите, вели премиерот Зоран Заев во видео обраќањето.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески