ВИДЕО: Вицепремиерката Царовска на средба со еснафот во Старата скопска чаршија

Од:

Преку 5.200 занаетчии се поддржани да ја надминат кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот КОВИД-19 со мерката за субвенционирање на минималната плата во месеците април и мај, посочи вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска по денешната средба со претставници на еснафот во Старата скопска чаршија и обиколката на дуќаните во чаршијата заедно со претседателот на Здружението на еснафот, Бејто Морина.

На средбата со занаетчиите, како што рече Царовска, станало збор за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите за време на кризата, но и за генералните предизвици на дуќанџиите кои работат во Старата скопска чаршија.

-Чаршијата е душата на Скопје и дава посебно чувство кога се движите низ неа. Остварив и средба со дуќанџиите кои искажаа благодарност за поддршката од страна на Владата, за субвенционирање на минималната плата за вработените во услови на пандемијата, а го кажаа и своето размислување дека поддршката треба да продолжи и понатаму доколку и кризата продолжи, изјави Царовска.

Владата, потенцира, како досега, така и отсега, директно со засегнатите страни, во овој случај еснафот од чаршијата, ќе продолжиме да ги разгледуваме можностите за нивна поддршка.

-Досега, во месеците април и мај, мерката за субвенционирање на минимална плата, самостојните вршители, односно занаетчиите, ја искористиле повеќе од 5.200 вработени и во двата месеци. Тоа значи дека тие продолжиле да работат, ги задржале работните места, што беше и главна цел кога ја дизајниравме мерката. Воедно, работодавачите, сите оние кои се сопственици на дуќаните, на непосредните средби, истакнаа дека оваа мерка помогнала да ги задржат работниците, да не останат без вработени и дека во наредниот период ќе се обидат да се рехабилитираат и да се вратат во полн капацитет во последниот квартал од 2020 година, посочи вицепремиерката.

Претседателот на здружението на еснафот на Старата скопска чаршија рече дека добиле помош за сите вработени, преку мерката за минимална плата.

-Тие средства ни помогнаа колку-толку да се среди оваа ситуација, затоа што ако не беше таа помош од владата досега сите вработени ќе беа исклучени од работа. Покрај тоа, разговаравме и за други проблеми, проекти и за други работи во иднина, затоа што не знаеме колку ќе трае оваа пандемија. Бараме да ни се излезе во пресрет, да ни се помогне за да можеме да издржиме во оваа криза и да излеземе од неа колку што може побезболно, рече Морина.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал