ВИДЕО: Тутунарите незадоволни најавуваат големи протести

Од:

Пелагонските тутунари го блокираа влезот на Прилеп поради незадоволството од цената за откуп на тутунот. Тие велат дека се случува кражба со откуп од 70 денари за килограм, а во некои случаи дури и за 50 денари по килограм.

Во 1997 година тутунот беше 140 денари, сега ни бараат и за 60 и 70 денари, а има и случаи за 35 денари да го бараат, велат тутунарите.

Тие уверуваат дека поради лошите времеснки услови во текот на година тутунот во одредени случаи се враќа поради влага, односно се спушта цената за откуп, но тенденцијата била тоа да се наметне за сите тутунопроизводители.

Бараме подобрување-просекот најмалку да биде како минатата година. Владата кога треба да ни даде поддршка ја нема, а да беа избори веднаш ќе дојдеа тука, велат тутунарите.

Од Владата бараат да нема толку строга проценка на тутунот и да се зголеми субвенцијата, како и оваа реколта да биде прогласена како елементарна непогода. Со оваа цена, велат тутунарите, нема како да се прехранат, бидејќи живеат само од тутунот.

-Единствена причина што сме овде е што нема реална проценка на тутунот. Тој што е убав ако е за двојка да добија класа двојка ако е за тројка да си биди тројка.Дали е злато за кец највисоката класа е тројка. На почетокот на откупот се кажа дека е понеквалитетен од лани и си го врзаја тоа в крпче и покрај сувото го горат и сировото. Тоа е основната причина што сме овде, изјави тутунопроизводител.

Тие обвинија дека врз многу од тутунарите се врши политички притисок да не протестираат со закани дека ќе им се укине социјалната помош.

Би можело да ве интересира

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Николовски: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина

Станкоски: Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите

Новоформираните тутунски здруженија бараат зголемување на цената на тутунот за 35 отсто

Ана Ололовска