(ВИДЕО) Трипуновски: Николовски треба да преземе одговорност за дезинформациите за кочанскиот ориз

Од:

Власта на СДСМ продолжува да ги понижува македонските земјоделци. Последни на удар на криминалниот картел на власта се најдоа производителите на ориз . Пред околу месец дена Агенцијата за храна,а веднаш потоа и Државниот инспекторат за земјоделство излегоа со став и информација дека наводно во Македонија е произведен и се продава ГМО ориз. Без да се направат конечните анализи дека навистина се работи за ГМО тие посочија дека станува збор генетски модификација произведена во кочанско, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– И откако ја направија штетата, сега излегуваат со информација дека според суперанализата кои што се направени оризот не бил генетски модифициран. Со ваквата постапка Агенцијата за храна и Државниот инспекторат за земјоделство им нанесоа штета на производителите на ориз од кочанско. И покрај така тешкиот пласман на оризот од ланската реколта кој стои неоткупен и додека трае жетвата на годинешната реколта се нанесе огромна штета на земјоделците и воопшто на пласманот на кочански ориз како бренд. Овој потег на власта создаде страв и паника кај граѓаните да престанат да купуваат кочански ориз, и поради тоа значително да се намали продажбата односно откупот на оризот во Република Македонија. Тоа е ништо друго освен директен удар по џебот на македонскиот земјоделец, рече Трипуновски.

Тој праша дали ваквиот чекор бил поради одредена нарача и профит на бизнис кругови блиски до власта кои увезвуваат ориз.

– Дали СДСМ отвора пат за поголема заработка на свои бизнис кругови на сметка на македонските земјоделци кои произведуваат ориз во Република Македонија,а воедно мака мачат со продажбата од овогодинешната реколта не само поради ниските цени туку и поради откупот кој што го нема? За овој несериозен потег со кој се наштети на македонскиот земјоделец и брендот Кочански ориз мора да се понесе одговорност. Одговорност мора има од директорите на Агенцијата за храна и Државниот инспекторат за земјоделство, неминовно е и одговорност мора да понеси министерот Љупчо Николовски и крајно време е да си поднесе оставка, пред целосно да го опустоши македонското земјоделие, рече Трипуновски.

Според него земјоделието е на колена.

– Криза со пласманот имаше и со градинарските производи и со пласманот на праски, лубеници, сливи, пченица, а сега власта создаде криза и со откупот на ориз. Овој хаос во македонското земјоделие не смее да продолжи. Земјоделците повеќе не смее да бидат понижувани и омаловажувани. СДСМ покажа дека не знае и не може да се грижи за македонското земјоделие. СДСМ мора да си замине, за македонскиот земјоделец да почне да напредува, заврши Трипуновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ