(ВИДЕО) Трипуновски: Додека домашниот тутун скапува власта врши нелегален увоз

Од:

„Додека домашниот тутун скапува неоткупен, во Македонија влегува тутун од странство за кој не се знае каде завршува.

Според наши информации, минатата година увезени со 5 шлепери со тутун од страна на фирмата Студенац Шпед во сопственост на Димче Тројановски кој е бизнис партнер на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. И двајцата важат за блиски луѓе до Љупчо Николовски“, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Љупчо Николовски, како прв антикорупционер да одговори, дали фирмата Студенац Шпед има лиценца за работа со тутун како акцизна стока и дали е дозволен увоз на тутун од фирма која воопшто не смеела да увезе?

Како е влезен тутунот на граничен премини, како се издадени документи од царинската управа за влез на 5 шлепери тутун увезени од фирма без лиценца?

Ако се докаже дека фирмата нема дозвола за работа со тутун се поставува прашањето каде завршиле тие 5 шлепери со тутун и дали можеби се употребени за илегално производство на цигари?

ЈО, Царинската управа и другите надлежни органи веднаш да реагираат и да отворат постапка, и да утврдат дали во Македoнија нелегално се прави увоз на тутун и кој се е вмешан во целата процедура. Одговорност мора да има, како кривична така и политичка“, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше