(ВИДЕО) Тренов: СДС удира по земјоделците

Од:

„Продолжува неодговорното работење на владата на СДС од кое се предизвикува директна штета на стандардот на граѓаните. Откако се покачија акцизите, откако се најави покачување на даноците сега антиреформската влада на Зоран Заев предвидува и нови давачки.

Овојпат на удар ќе бидат земјоделците. Имено Владата со цел да ја покрие својата неспособност да раководи со државната економија, ќе удри по џебот на земјоделците и ќе им воведе да плаќаат персонален данок на доход за секој продаден килограм од своите производи.

На списокот за оданочување Владата ги стави и земјоделските производи, без оглед на вкупно произведената и продадена количина што претставува уште една неправда кон земјоделците.

Ова значи дека дополнително ќе се руши стандардот на земјоделците кои, заради неодговорниот однос на неспособната Влада, веќе се соочуваат со куп големи проблеми со откупот и цените на производите, најавата за кратење на субвенциите за 24 милиони евра со нивно условување за зголемено производство, и обештетувањето од временските непогоди. Овој пат непогодата наречена Влада на Зоран Заев ќе ги оданочува за секој килограм произведен продукт.

Ова ли е животот кој им го најавуваше Заев на земјоделците? Во терот на кампањата не споменаа водедување на вакво оданочување на земјоделците, за сега да им го испорачаат. Каде е дебата и консултацијата со земјоделците за нешто што нив директно ги засега?

Очигледно на штета на земјоделците ќе се полни буџетот на државата со кој Заев потоа ќе вработува партиски војници, твитерџии, ќе плаќа бизнис зделки на ним блиски фирми и слично.

Малку им беше што потрошија 610 милиони евра од задолжувањата и девизните резерви, па уште почнаа да собираат арач на категориите граѓани како што се земјоделците. Ова само што почна, допрва секој граѓанин, освен елитата на СДС, ќе почнат да чуствуваат што значи неспособноста и неодговорноста на партијата на власт“, изјави Ромео Тренов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Eврокомесарката Кос потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања

Катерина Ѓуровски

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски