Во 2007 година имавме финансиска криза, поминавме безболно и без стресови, но во сегашната ситуација се прашувам дали нешто се греши во пристапот на економската политика, вели во интервјуто за „Макфакс“ поранешниот министер за финансии, Трајко Славески.
Во однос на состојбата во продавниците, каде што, според реакциите на граѓаните, загрижува сликата со празни рафтови на основните прехранбени производи, како и неодамнешниот метеж на бензинските пумпи, Славески оценува дека реакциите се сосема очекувани и рационални. Сепак, сугерира дека граѓаните не треба да трупаат резерви.
Анализирајќи ја состојбата со нафтената криза во државата, поранешниот министер за финансии вели дека од утре веќе треба да здивнеме во однос на цените на нафтените деривати.
По најавите за нова еврообврзница, поранешниот министер за финансии оценува дека со секое ново задолжување се наоѓаме во ситуација да не можеме да го сервисираме долгот.
„Секоја нова обврзница само го билда јавниот долг“, вели Славески.
На прашањето дали владините антикризни мерки се навремени или задоцнети одговара:
„Целиот процес можеше да се изведе поинаку за да се намали паниката кај граѓаните. Факт е дека државните резерви се државна тајна, но цела недела немавме уверување од власта. Подобра координација ќе беше корисна“.
На најавите за нови штедења и во министерските кругови, но и кај градоначалниците, Славески нагласува дека треба да се штеди, но дека и за тоа постојат граници:
„Општините се наоѓаат во многу тешка ситуација, но има граници до кои може да оди штедењето“, нагласи Славески.
За тоа во каква состојба е економијата во државата, разликите во економските политики на Заев и Ковачевски, во интервјуто.