(ВИДЕО) Стоилковски: Заев и криминогената влада им кратат по 400 денари на секој пензионер

Од:

Зоран Заев и неговата криминогена влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако просечната пензија во Република Македонија изнесува 15.000 денари, тоа значи кратење за најмалку по 400 денари од пензија. Вкупно пресметано значи дека на пензионерите ќе им бидат скратени над 124 милиони денари или над два милиони евра. Скандалозно е тоа што во исто време кога се случува качувања на платите на министри и одредени градоначалници власта спроведува кратење на пензии, рече Стоилковски.

Тој додаде дека кратењето на пензиите удира на над 310 илјади семејства во Македонија.

– Им ја намалуваат куповната моќ на пензионерите, од нив создаваат социјални случаи. Наместо достоинствена старост, ги туркаат во економско ранлива категорија. Ветуваа раст на пензии а добивме кратење. Значи повторно излажаа. Неприфатливо е што министерката Царовска дури се заканува дека ако не било ова кратење пензии ќе морало да има раст на старосната граница за пензионирање. Пари во буџетот има но тие завршуваат за криминал и луксузирање на власта. Едно збора а друго зборуваа пред изборите кога ветуваа се и сешто. Граѓаните нема да ги трпат овие уцени, рече Стоилковски.

Како што кажа тој, власта буквално ги лаже и си поигурва со пензиоерите и со граѓаните.

– „Животот“ на Заев сега ќе им крати 400 денари месечно на пензионерите или 124 милиони денари вкупно. Затоа мора да заминат што поскоро од владата на Република Македонија, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ