(ВИДЕО) Стоилковски: Нема реализација на капитални инвестиции, нема економски раст, а задолжувањата растат

Од:

Црното цунами за Република Македонија продолжува, денеска повторно не задолжуваат за 1,9 милијарди денари или над 30 милиони евра. Секој месец државата го зголемува долгот, помината е психолошката граница на јавниот долг од 5 милијарди и таквото темпо во сериозна опасност ја доведува ликвидноста на економијата на Република Македонија. А министерот Тевдовски најавува дека тоа темпо ќе продолжи и следната година, со задолжувања на домашниот пазар од 300 милиони евра, како и дополнително задолжување во странство со кредити во вредност од 400 милиони евра, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во услови кога нема реализација на капитални инвестиции, нема економски раст, а задолжувањата растат. Прашањето е, каде одат тие пари? Повеќе не може да лажат дека знаат што прават и дека работите туку што не тргнале на подобро! Власта во паника самата себе се демантира а министрите се препукуваат во јавноста. Воведената царина за извоз на челик во ЕУ прави удар тежок 200 милиони евра, директно на компаниите од дејноста и на компаниите кои што ги опслужуваат! Оваа мерка без работа ќе остави веројатно 5.000 луѓе – работници, фирмите ќе имаат проблеми со ликвидност, ќе се соочат со колапс, ќе ги сопрат плановите за инвестиции во развој на овој сектор, рече Стоилковски.

Тој додаде дека Бујар Османи рекол оти царината за извоз на челик во ЕУ ќе предизвика штета од 100 милиони евра, што е првична проекција од компании во секторот.

– Истовремено, иновативниот Кочо Анѓушев, кој што го дели лебот на евтин и скап, вели немало да има намалување, туку зголемување на извозот на челик? Истовремено Драган Тевдовски, човекот кој што испланира два годишни државни буџета со реална стапка на раст околу нулата, сега тврди дека овој зафат од ЕУ нема да се одрази на економијата и на планираниот економски раст? Ова е само дополнение на самовљубеноста на неспособните, кои ги покачија акцизите на горивата, го поскапеа лебот, го уништија земјоделството, го урнисаа концептот на рамен данок, ги бркаат странските инвеститори, го омаловажија здравството, докторите, ги бркаат мозоците од Ај Ти секторот, додаде Стоилковски.

Според него во услови на девастирана економија, минорна стапка на раст и реалната спирала на поскапувања, штетата која што оваа економска европска царина ќе ја предизвика врз македонската економија е во вредност од годишни плати на 29 илјади работници.

– Ова е катастрофа и по се изгледа намерно девастирање и осиромашување на државата за да се држи народот во економско заложништво, да му се одземе достоинството, честа, додека власта ја исполнува единствената, повторувам единствената цел на нејзиното постоење – промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, лажејќи го притоа народот дека тоа е подобро за подобар економски стандард. Пораката од ЕУ е јасна – економскиот удар покажува колку вредат Заев, Шекеринска, Димитров, Османи, Анѓушев, Тевдовски во очите на Европската Унија. Колку побрзо се застане на патот на овие луѓе кои ја зацрнеа Република Македонија, колку побрзо се сопре сеопштото црно цунами, толку побрзо заедно ќе почнеме одново да го враќаме достоинството на државата и на сите во Република Македонија, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ