(ВИДЕО) Стоилковски: Економските политики на власта доживеаја пораз, потребна е одговорност

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес-конференција рече дека потребна е одговорност за девастирачките податоци за економски раст.

– Вакво економско потфрлање бара одговорност од Зоран Евро Заев, од Анѓушев Кочо и Тевдовски Драган-носечката тројка на економското катастрофално цунами што се случува во Република Македонија. Државата веќе влегува во ризична зона во која ќе се бори за редовна исплата на плати и на пензии, што дополнително ќе ги оптовари граѓаните кои што забрзано осиромашуваат. Економската катастрофа ја потврди и Светска Банка, како и голем број други финансиски мегународни институции. Светска Банка, токму по тие индикатори, за кои постојано предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, ја намали прогнозата за економскиот раст на Република Македонија, не само за оваа, туку и за следните две години. Според Светска Банка и податоците објавени во Глобал Економик Проспектс, јунската оценка за раст на македонската економија е намалена од 3,2, на 2,3%. И Светска Банка предупредува дека не само што Зоран Евро Заев, Анѓушев и Тевдовски немаат поим како да дојдат до ветените 5% раст, туку и првичните, јануарски оптимистички 3,2% раст на годишно ниво, ги намалија на 2,3%. Со ваквите прогнози на Светска Банка, базирани на политиките на незнаење и економските НЕ-зафати, македонската економија е закована на дното на Европа, каде што сите економии се движат далеку напред, рече Стоилковски.

Тој додаде дека оваа година Заев, Анѓушев и Тевдовски во Македонија отвориле проблеми во текстилната и во кожарската индустрија, ги сопреле странските инвестиции, создале медиумска хајка против рударството, ја замреле металургијата, финансиски ја оптоварила транспортната дејност, а земјоделството го турнале во слободен пад.

– Оваа економско цунами-тројка го сосече градежништвото во целина- ги сосекоа капиталните инфраструктурни зафати, нема проекти, патишта, железници, гасификација, водоводи, канализации. Налудничав е падот во градежниот сектор за над 45%, пад каков што немаше ниту во 2001 година. Па, ако владата се фали дека има зголемена наплата на даноците и притоа руши вакви негативни рекорди тогаш- каде завршуваат овие пари? Нема ниту една модерна економија во светот каде владата толку многу потфрлила во делот на реализацијата на буџетските трошења, а притоа да не сноси никаква одговорност. Реалната и тажната вистина е дека нови инвестиции нема. Македонија, од лидер во Европа во делот на инвестиции за само 12 месеци е на апсолутното дно во Европа. Оваа цунами тројка- Евро Заев, Анѓушев и Тевдовски- ја лажат јавноста. Тезата дека во земјава има рекорден број на инвестиции е резултат на незнаењето за разграничување на инвестициите од зголемување на основен капитал кај повеќето постоечки инвеститори кои немаа распределено добивка поради најавата на новите лимитирачки економски мерки. Реалната и тажната вистина е дека нови инвестиции- нема, рече Стоилковски.

Како што кажа тој, економските политики на власта доживеале огромен пораз.

– Ова е уште една изгубена година за граѓаните на Република Македонија. Залудни се шарените лаги на власта, граѓаните ја живеат и препознаваат реалноста со Зоран Евро Заев. Цунами тројката Заев, Анѓушев и Тевдовски не умеат, не знаат и немаат план и затоа мораат да си понесат одговорност. Граѓаните ги интересира иднината. Македонија мора и може подобро. На граѓаните им треба напредок и успеси, ВМРО-ДПМНЕ знае како, ВМРО-ДПМНЕ има решенија и Македонија ќе победи, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината