Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година изнесува 67 382,00 денари, пресмета Сојузот на синдикатите на Македонија.
– За два месеци, од почетокот на годината, синдикалната кошница, веќе го изеде најавенот усогласување на минималната плата кое функционерите сакаат да им го дадат на работниците од 1500 денари, односно секое семејство на работниците е посиромашно за 2000 денари за само два месеци. За 24 месеци, вредноста на синдикалната кошница е зголемена за повеќе од 10 илјади денари и затоа пратениците наместо да се препукуваат да ја изгласаат минималната плата од 600 евра, вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 год. која изнесува 66 413,00 денари е зголемена за 969,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец февруари изнесува 82 757,00 денари, велат од ССМ.

