(ВИДЕО) СДСМ: Власта манипулира со зголемувањето на пензиите

Од:

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се обидува да манипулира со пензионерите, со граѓаните, со сите нас, обидувајќи се да создаде впечаток во јавноста дека пензиите ќе се зголемат за 5%.

Еве како манипулира власта:

Со измените и дополнувањата од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, од пред два дена, власта ги укина законските одредби за усогласување на висината на пензиите согласно трошоците на живот.

Наместо ова законско усогласување, кое целосно го укина, власта додаде одредби за зголемување од 5% во септември 2015 година“, рече на денешната прес-конференција Јулијана Силјановска, пратеник.

„Зошто власта го укина усогласувањето на пензиите со трошоците на живот, кои секојдневно растат?

Ако власта имаше искрени намери, во измените, само ќе додадеше одредба за зголемување на пензиите за 5%, без укинување на усогласувањето за висината на пензиите.

На овој начин, власта на Никола Груевски покажува лажен, неискрен однос кон пензионерите.

Реалното, со ова укинување на законското усогласување на пензиите зголемувањето ќе биде незначително.

strana 9 od 64

Ако се земе во предвид постојаниот пораст на цените и планираната инфлација од 2% за наредната година, повеќе од јасно е дека пензионерите не добиваат речиси ништо.

Власта крие од јавноста дека вакво усогласување не е направено ниту за 2014 година, што значи пензионерите во Република Македонија се оштетени за цели 2 години.

Загрижувачки е овој однос на власта која сопствените граѓаните се обидува социјално да ги манипулира.

Пристапот на СДСМ е различен и во интерес на пензионерите.

Решенијата на СДСМ опфаќаат воведување пензионерска потрошувачка кошничка како основа за следење на трошоците на живот на пензионерите и усогласување на висината на пензиите на секои три месеци, што е поповолно за пензионерите“, изјави Јулијана Силјановска.

.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март