(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Зголемени субвенциите за тутун

Од:

„Вашиот труд, тутунарската мака, се цени и се плаќа!

Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, ги зголеми субвенциите за тутун!“, рече Миле Талевски Член во Советот на Општина Прилеп од редовите на ОО СДСМ Прилеп.

„Тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции од досегашните за секој килограм предаден тутун, и тоа почнувајќи од реколтата 2017 година:

– за прва класа тутун, субвенцијата ќе изнесува 80 денари по килограм,
– за втора класа тутун, 70 денари по килограм,
– за трета и четврта класа, обезбедуваме по 60 денари субвенција по килограм предаден тутун.

Уште еднаш покажуваме дека зборот даден пред граѓаните, за нас е света работа.

Покажавме дека со домаќинско работење има повеќе пари за граѓаните.

Реколтата 2017 беше една од најуспешните и се постигна највисока просечна откупна цена, којашто вкупно со зголемените субвенции на 23.000 тутунарски семејства им обезбедува приход од 100 милиони евра!

Со ова, целосно паѓаат во вода сите лаги и манипулации дека ќе сме ги укинеле субвенциите, со кои криминалната ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше тутунарите.

Не само што не се укинаа субвенциите, туку ги зголемивме, и ќе бидат исплатени во законскиот рок. Никој повеќе нема да ги уценува тутунарите со нивните тешко заработени пари. Субвенциите ќе се исплаќаат на тутунарите навреме, кога е најпотребно.

Покрај тоа, со законски измени ќе им ги олесниме административните процедури на тутунопроизводителите. Во иднина тутунарите нема да поднесуваат евидентни листови и директно ќе склучуваат договори за откуп на тутун со откупните претпријатија.

Со сето ова обезбедуваме сигурност на производството и непречен откуп на тутунот!

Тутунарите се наш приоритет и во фокусот на нашите политики. Зборот е збор!“, рече Миле Талевски Член во Советот на Општина Прилеп од редовите на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше